Други спортови
(ФОТО) Мерцедес го претстави болидот за сезоната 2024
Мерцедес го промовира својот нов болид за сезоната во Формула 1 2024 година. Автомобилот го доби името „W15“.
Во тимското соопштение стои дека автомобилот има ново куќиште за шасија и менувач. Аеродинамички, фокусот е ставен на ефикасноста и наоѓање поголема надолна сила со помал отпор.
Introducing the Mercedes-AMG F1 W15 E PERFORMANCE 🤍🖤 pic.twitter.com/xgvJkWVIph
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 14, 2024
– Многу внимание беше посветено на подобрување на непредвидливата задна оска на претходниот болид. Тимот работеше напорно за да се осигура дека двете оски, но особено задната, одржуваат подобра контрола на гумите отколку на „W14“. Извршена е одредена работа и во области каде што би можеле да ја подобриме ситуацијата, вклучително и ефектот на „DRS“ и ефикасноста на застанувањето во боксот, се вели во информацијата на Мерцедес./
Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе продолжат да се натпреваруваат за тимот и во новата сезона.