Connect with us

Други спортови

ФОТО: Мисијата завршена, македонското знаме на врвот Винсон

Во саботата наутро на 28 декември нашата планинарка и алпинистка Илина Арсова која беше дел од меѓународна експедиција, го искачи врвот Винсон 4892 мнв. на Антартикот. Со ова искачување Илина Арсова стана прва жена од нашата земја и една од 60-те во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови.

Со ова искачување Илина го комплетираше проектот „Seven Summits“, искачувајќи ги сите 7 највисоки врвови на 7-те континенти, исклучителен личен, клубски, национален и светски резултат.