Connect with us

Ракомет

ФОТО: Модрините кај Стојанче Стоилов по натпреварот кажуваат колку беше „лесно“ против Словенија

Ова не беше натпревар, ова беше битка. Вчера ја победивме најтешката битка. Во вчерашниот натпревар не стануваше збор на подготвеност, знаење, искуство… Вчера Македонските ракометари војна водеа со нашиот прв противник, репрезентацијата на Словенија.

Не тактика, не техника, не квалитет. Во оваа прилика како редакција посебно му благодариме на Стојане Стоилов, кој самио само знае низ што помина.

На крајот од натпреварот за време на поздравувањето на навивачите на трибините, можеби никој не го забележа тоа, но ние го видовме.

Модрините кои Стоилов ги имаше на рацете, па и по целото тело говореа самите за себе колку беше битката тешка.

ФОТО: Архива

Секоја чест! Браво момци! Одиме напред! За Македонија!

РЕДАКЦИСКИ СТАВ