Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мурињо го викна на ручек со фудбалерите момчето задолжено за топките

Момчето кое брзо ја врати топката во тереот на мечот со Олимпијакос во ЛШ, а со тоа му овозможи на Тотенхем да изведе брз напад и да постигне гол е повикано од страна на Жозе Мурињо на ручек заедно со фудбалерите.

На овој начин Португалецот му се заблагодари на момчето.

Претходно, за време на самиот меч Мурињо одлучи да отиде до него и да се поздрави и да го гушне.

Според фотографиите, момчето е воодушевено од можноста да седи на иста маса со неговите идоли.