Тајмаут
ФОТО: На Кариус му беше потребна утеха, а се знае кој прв дотрча за го прегрне
Германскиот голман Лорис Кариус сака што е можно поскоро да заборави се што се случи во Киев.
Ќе му биде потребно време на Кариус да заборави на сè. Тој е виновникот за два гола и на некој начин е “најзаслужен” дека Реал Мадрид е шампион на Европа по 13-ти пат и трет последователен.
Кога Милорад Мажиќ свирна крај на натпреварот, Герет Бејл дотрча кај Кариус да го прегрне и колку толку да го утеши.
Бејл постигна два гола, но тој е свесен дека ваквите моменти се најтешки во кариерата на еден играч. Затоа, на Кариус му е потребна помош, да му се даде рака и да му се каже – тоа му се случува со најдобрите.
