Фудбал
ФОТО: На празните трибини осамна транспарент, фудбал во Битола се гледа и од топоган
Во Битола се врати елитниот фудбал, но фудбал не е фудбал без публика. Така е попладнево на стадионот под Туме Кафе каде Пелистер во првиот наптревар од новата сезона во ПМФЛ ја пречека екипата на Академија Пандев.
На навивачката група Чкембари не им беше дозволен влез на засега единствената трибина на стадионот, додека другата е во градба.
Тие успеаа да постават транспарент со кој испраќаат порака дека иако не се присутни на трибините поради ограничувањата за заштита од коронавирусот, сепак се со Пелистер и го бодрат.
Дел од навивачите се качија и на топоган кој се наоѓа веднаш до стадионот за да може да го следат натпреварот.
