Тајмаут
ФОТО: На Сари му забраниа да пуши на теренот, но тој пронајде начин да се смири
Фудбалерите на Челзи вчера како гости го совладаа Хедерсфилд со 3:0 во натпреварот од првото коло од англиската Премиер лига.
„Плавите“ со својата игра ги одушевиа навивачите во вчерашниот натпревар, а посебни пофалби доби новиот тренер на оваа екипа Маусицио Сари. Италијанскиот стручњак ова лето седна на клупата на Челзи и веќе е јасно дека воведе доста промени што се однесува на играта на лондонскиот клуб.
Сари се најде во центарот на вниманието по натпреварот поради фотографиите кои се појавија на кои се гледа дека џвака цигара покрај клупата за резервни играчи. Во Англија е забрането да се консумираат цигари на терените во текот на натпреварите, но Сари очигледно пронајде начин да ги „смири живците“.
You eat them now, Maurizio?! ?#HUDCHE pic.twitter.com/vmyPfZ9wct
— Match of the Day (@BBCMOTD) August 11, 2018