Тајмаут
ФОТО: На сексапилната новинарка ѝ се смеат поради нејзиниот дечко

На Дилета Леота фановите и се смееја откако го посети музејот на Реал (Мадрид). Причината е момчето на сексапилната Италијанка – голманот Лорис Кариус, кој има огромна заслуга за еден од пехарите во витрината на „кралскиот клуб“.
Станува збор за трофејот во Лигата на шампионите освоен во 2018. Тогаш Германецот го носеше тимот на Ливерпул и погреши за головите на Крами Бензема и Герет Бејл, а Реал победи со 3:1 и триумфираше со 13.
„Тие добија еден од тие пехари благодарение на вашата пријателка“, ја потсети следбеникот на ТВ водителката под фотографијата на која позира пред вкупно 14 почести на шпанскиот гигант во Лигата на шампионите. „Победија во Киев благодарение на вашиот Кариус“, додаде друг, ставајќи смеа емоџи.
Инаку, Дилета одлично расположена го обиколи Сантијаго Бернабеу, па дури и се сликаше со работници кои се задолжени за одржување на стадионот, пишува „Телеграф“.
