Connect with us

Фудбал

ФОТО: Наполи ќе го казни Елиф Елмас

Фудбалскиот клуб Наполи на својот официјален Твитер налог, објави дека ќе го казни Елиф Елмас затоа што зборувал со новинарите и давал изјави без дозвола од клубот.

Како што тврди клубот, Елмас дал изјава иако имало наредба од првиот човек Де Лаурентис за потполна тишина, по непочитувањето на наредбата за карантин од страна на фудбалерите.

Засега не е познато каква и колкава ќе биде казната.