Connect with us

Фото

ФОТО: Навивачите се вратија – покрај карта, потребно е вакцинација или сертификат за прележан ковид

Со одлука на Владата, вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје повторно се игра со публика, но сепак со ковид-ограничувања. На натпреварот Македонија – Ерменија арената може да биде исполнета само до 50% од вкупниот капацитет. Не само влезница за натпреварот, потребно е да бидете вакцинирани или пак сте го прележани коронавирусот и за тоа да имате сертификат.

„Се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 % од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето“, велат новите протоколи од здравствените власти.

На стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, вечерва има околу 3.000 навивачи. Македонија вечерва ја пречекува репрезентацијата на Ерменија во рамките на квалификациите за Светско првенство.

ФОТО: Денис Дуковски | SPORTM.mk

Facebook