Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Не сакам да се борам надвор од кафез, ММА ѕвезда претепана од нејзиното момче

Синди Дандоис, ММА ѕвезда е претепана од своето момче и тоа пред нејзиниот дом. Според белгиските медиуми, инцидентот настанал откако таа му раскинала на момчето. Тој ја нападнал и ја удрил (со тврд предмет), по што и нанел повреда на носот. Дандоис добила лекарска интервенција и завршила со шест конци на носот.

-Не сакам да се борам надвор од кафезот, јас не сум уличен борец, кога не очекувате напад, секако не можете да се одбраните, изјавила таа за локалните медиуми и потврдила дека причината за нападот е раскинување на врската.

Дандоис има 35 години, во својата кариера забележала 20 натпревари од кои има 15 победи, 5 порази, а 4 триумфи завршиле со класичен нокаут.