Фудбал
ФОТО: Нема лабаво со Лампард, погледнете какви казни подготвил за фудбалерите
Иако немаше добар почеток откако седна на клупата на Челзи, сепак легендарниот фудбалер Френк Лампард успеа да внесе победнички менталитет во тимот и да почне да победува. Од поразот од Ливерпул од 2:1 во септември, Челзи врза шест победи во Премиер лигата, па се искачи на третото место со 26 бодови, осум помалку од лидерот Ливерпул.
Но, медиумите ја открија причината за добрите резултати. Тоа е дисциплината. Лампард воведе правилник, а секое непочитување ќе значи парична казна.
На пример, доколку еден фудбалер задоцни на тренинг, ќе мора да плати казна од 20 илјади фунти.
