Connect with us

Фудбал

ФОТО: Нема повеќе дилеми, Чурлинов го стави својот потпис, ќе го носи дресот на Штутгард

Дарко Чурлинов и официјално е нов играч на германскиот тим Штургард. Тој потпиша четиригодишен договор, со важност до 30 јуни 2024-та година. Ќе го носи дресот со број 19.

Според дел од германските медиуми, Келн ќе заработи 400 илјади евра од неговата продажба.

-Навистина сум среќен што сум тука и сто проценти сум мотивиран да дадам се од себе. Се надевам дека можам да му помогнам на тимот во борбата за највисок пласман. Од прв момент добро сум примен тука, и со нетрпение очекувам да го запознат целиот тим уште подобро, изјави Чурлинов.

Штутгард се натпреварува во Втората бундеслига. Во моментов е на третата позиција и амбициите се повторно да игра во најдобрата германска лига. Овој клуб пет пати ја освојувал Бундеслигата. Минатата сезона по втор пат за три години не успеа да обезбеди опстанок во Бундеслигата.