Connect with us

SPORTM.mk

ФОТО: Нови обвинувања дека Лионел Меси е прогласен за најдобар со лажирање на гласови

Лионел Меси е избран за најдобар играч на светот пред Ван Дајк и Роналдо. Но, на Холанѓанецот малку му недостасуваше да ја круниса одличната сезона во дресот на Ливерпул со индивидуална награда.

Но, се појавија вести дека гласањето не било чисто, односно дека броењето на гласовите не се одвивало како што треба.

Откако се огласи капитенот на Никарагва Хуан Барера дека воопшто не учествувал на гласањето, а сите наводни негови гласови му биле препишани на Меси, се јави и селекторот на Судан, хрватскиот стратег Здравко Логарушиќ. Тој тврди дека негвиот избор е фалсификуван, а како доказ се објавени фотографии. Имено, Логарушиќ гласал за Салах, Мане и Килијан Мбапе, а неговите гласови биле пишани на Меси, Ван Дајк и Мане.

Се огласи и Фудбалскиот сојуз на Египет, кој тврди дека е направена манипулација со гласањето и ја прашуваат ФИФА што се случило со нивното гласање, бидејќи првиот глас го дале за Мухамед Салах.