Connect with us

Ракомет

ФОТО: Објавен поширокиот список на ракометари за дуелите со Финска и Швајцарија

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на 35 ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за Men’s EHF EURO 2022.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 04.11.2020 (среда) против репрезентацијата на Финска.

Вториот натпревар против селекцијата на Швајцарија ќе се одигра во градот Цуг, Швајцарија со почеток во 18:30 часот на ден 07.11.2020 (сабота).