Connect with us

Ракомет

ФОТО: Објавени составите на Македонија и Чиле пред решавачкиот меч

Македонската репрезентација во ракомет попладнево го игра клучниот меч против Чиле. Со победа ракометарите ќе го продолжат учеството на Мундијалот во Египет, а пораз значи крај и враќање назад. На еден час пред мечот ИХФ ги објави составите на двете селекции. Нема големи промени во нашиот тим. Само една. На местото на Дарко Георгиевски во протоколот се најде Горан Крстевски.