Connect with us

Фудбал

ФОТО: Откако на твитер се пожали дека никој не го сака, конечно најде клуб

Јапоснкиот интернационалец Кеисуке Хонда најде нов клуб. Тоа е холандскиот тим Витесе. Ќе почне да тренира со нив, а доколку успее да ја врати формата, ќе биде во составот и за натпревари.

Хонда од јули месец е без клуб, откако му заврши договорот со австралиски Мелбурн. Во својата кариера настапувал за неколку европски клубови, а најзвучното име е Милан.

Пред неколку дена Хонда на твитер се пожали дека никој не го сака и праша зошто нема ниту една понуда. Конечно, стигна од Витесе.

А, ова го напиша на 25 октомври.