Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова се казните за играчите на Наполи, Елмас „олеснет“ за 56 илјади евра

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис си го истера своето. Поради непочитување на неговата наредба за карантин и поради бунтот ги казни играчите парично. Италијанските медиуми објавија список со казните на фудбалерите, а според она што може да се забележи, Инсиње ќе плати најмногу, 374 илјади евра. Следува Кулибали со 225 илјади, па Алан со 200 илјади, кој се спомнуваше како иницијатор на бунтот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде „олеснет“ за нешто повеќе од 56 илјади евра. Тој се наоѓа пред крајот на списокот на фудбалери и е во групата на оние кои треба најмалку да платат.

 

Facebook

Реклама