Поврзи се со нас

Ракомет

ФОТО: Пелистерци во нови дресови – промовираа и фан-шоп

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола на вчерашниот тренинг во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, ги промовира трите гарнитури на дресови за сезоната 2020/21.

Пред првиот домашен натпревар, со клупските дресови позираа капитенот Градимир Чаневски, Стипе Мандалиниќ и Марио Танковски. Еурофарм Пелистер сезонава ќе игра во зелено-бела, сино-бела и бело-сина гарнитура во Лига Европа, СЕХА Гаспром лигата и Суперлигата.

Добро се чувствуваме во двете комбинации и двете бои на нашите дресови. Сино-белата боја е традиционална, до 90-тите, а зелено-белата е боја на новото време. Навивачите многу ни недостигаат, вака изгледа како да играме на тренинг. Кога ќе се дозволат навивачи нашата сала ќе биде обоена во зелено-бела боја, изјави македонскиот репрезентативец Марио Танковски.

Еурофарм Пелистер сезонава ќе игра во зелено-бела, сино-бела и бело-сина гарнитура во Лига Европа, СЕХА Гаспром лигата и Суперлигата.

Клубот го промовираше и онлајн фан-шопот на кој љубителите на Еурофарм Пелистер ќе може да ги купат клупските дресови, маици, сувенири, обележја. На веб-страницата на која клубот ги онлајн ги продава своите поединечни и сезонски билети – https://kartieurofarm.mk/fanshop/ сега може да се купат и клупските дресови.

loading...

Facebook