Фудбал
ФОТО: Пирло се фотографираше во Лондон, а со коментарот ја „запали“ фудбалска Англија
Наводно, Арсенал и Андреа Пирло се во контакт, а дека ова е така докажува и сликата на Пирло. Легендарниот Италијанец ја сподели сликата на социјалните мрежи со опис „Лондон повикува“.
View this post on Instagram
Фотографијата предизвика лавина коментари, а навивачите на Арсенал го сакаат како тренер. Пирло ја загреа атмосферата со изјава по авантурата во Јувентус.
„Беше комплицирано и феноменално. Чувствата се различни, не заврши како што очекував, но тоа е живот и спорт, ајде да продолжие, време е за нови предизвици”, рече Пирло.
„Топџиите“ под водство на Микел Артета бележат катастрофални резултати во новата сезона и имаат три порази од исто толку натпревари.