Connect with us

Фудбал

ФОТО: По „петардата“ од ПСЖ, Галатасарај исфрли фудбалер од тимот

Ден по поразот од 5:0 од ПСЖ во последното коло од ЛШ групна фаза, Галатасарај одлучи да го исфрли од тимот Стивен Нзонзи. Според пишувањата на турските медиуми, тој во последно време се однесува многу недисциплинирано.

Францускиот фудбалер е исфрлен и отстранет од тимот на неодредено време, нешто што го потврдија и челниците на клубот.

Нзонзи во текот на летото од Рома пристигна во Галатасарај како позајмен фудбалер.