Тајмаут
ФОТО: Погледнете каков „ѕвер“ вози Лукаку
Ромелу Лукаку ги одушеви сите во Мначестер Јунајтед. Не со својата игра, затоа што на отворањето на новата сезона одигра само 23 минути, туку со новиот автомобил со кој дојде на тренингот.
Дека фудбалерите сакаат скапоцени автомобили општо е познато. Како што играчот напредува, така и повеќе заработува, па така и неговиот возен парк се збогатува, а „играчката“ со која се почести Лукау е импресивна.
Лукаку во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед утрово стигна со автомобил од марката Мерцедес AMG – GT Coupe, за кој, како што пишуваат британските медиуми, издвои повеќе од 102 илјади фунти.
Со оглед на тоа што Белгиецот на „Олд Трафорд“ заработува по 200 илјади фунти неделно, автомобил каков што има, може да си го дозволи за отприлика четири дена.
Во својот возен парк Лукаку има и Ролс Ројс, Ламбурџини…
