Фудбал
ФОТО: Поранешен напаѓач на Јуве објави нацрт од затвор, мојот татко е во опасност
Поранешниот напаѓач на Јувентус, Винченцо Јакинта објави на Инстаграм нацрт на затворската ќелија во која е сместен неговиот татко и директно му пишал на премиерот на Италија Џузепе Конте и на министерот за правда Алфонсо Бонафеда.
Фудбалерот вели дека неговиот татко е не е безбеден од пандемијата со коронавирусот, бидејќи дистанца и мерки не може да се применуваат.
Воедно тој напиша на сите оние кои што се дома, јадат и пијат што сакаат да престанат да кукаат бидејќи вистинската тортура е ситуацијата за неговиот татко, во четири валкани ѕидови.
Таткото на Винченцо е осуден на 19 години затворска казна поради поврзаност со мафија, а веќе 14 години е во ќелија. Има 70 години.