Фудбал
ФОТО: Посебен дрес за крај на соработката со Ливерпул
Иако од наредната сезона ќе биде поранешен произведувач на опремата за актуелниот европски првак, американската компанија „Њу баланс“ се потруди уште еднаш да ги воодушеви фановите на Ливерпул.
Соработката завршува во мај следната година, а оваа компанија ги опремуваше фудбалерите на „Црвените“ од „Енфилд“ од 2015/2016.
Посебното издание на дресот се карактеризира со годините во кои Ливерпул ги освојуваше пехарите во Лигата на шампионите.
Под клупскиот амблем напишано е 1977, 1978, 1981, 1984, 2005, 2019, како еден вид потсетник за тоа дека Ливерпул е еден од тимовите со најмногу пехари во ова натпреварување, зад Реал Мадрид (13) и Милан (7).