Фудбал
ФОТО: Премиер лигата направи ХАОС – кој ќе ја носи легендарната „седумка“ во Манчестер јунајтед?
Со оглед на правилото кое важи во Премиер лигата, логиката вели дека Роналдо нема да може да ја носи „7-та“ во домашното првенство поради фактот што Единсон Кавани веќе е регистриран со тој број, но сега одговорните луѓе на елитното англиско друштво предизвикаа дополнителна конфузија со својата објава.
Манчестер јунајтед ќе мора да донесе интересна одлука за тоа кој ќе ја носи легендарната „седумка“ следната сезона, односно дали тоа ќе биде Едисон Кавани или ќе ја добие Кристијано Роналдо.
Претставувајќи фудбалерите на сите екипи, покрај новиот играч на Јунајтед, Кристијано Роналдо го стави бројот 7, истиот што стои покрај Единсон Кавани. Се разбира дека тоа не е можно, но сега се отворија нови шпекулации околу тоа кому ќе му припадне легендарниот број на Јунајтед. Интересно е тоа што на интернет страницата на Јунајтед се уште не фигурира Роналдо иако тој официјално е член на овој тим.

Португалецот го носеше бројот 7 во само две од вкупно 18 професионални сезони досега: првата кога дебитираше во Спортинг со бројот 28 и 2009/10 кога „седумката“ на Реал му припаѓаше на капитенот на Раул, па Роналдо мораше да се задоволи со 9.