Connect with us

Ракомет

ФОТО: Прв пат по подолго време РК Вардар ќе игра пред публика

Во рамките од второто коло од Група А во ракометната Лига на шампиони, РК Вардар ќе му гостува на ПИК Сегет. Мечот ќе се одигра во четврток, на 1-ви октомври, а според информациите по подолго време, поради коронакризата, ќе има навивачи.

Имено, унгарскиот тим соопшти дека во салата ќе има навивачи на овој натпревар. Бројот секако ќе биде ограничен, односно точен број 972 фанови, кои ќе мора да ги испочитуваат здравствените протоколи. Иако нема да биде полна салата, секако добра вест е што полека публиката се враќа на трибините.