Тајмаут
ФОТО: Ракитиќ остана на улица откако аеродромот беше блокиран
По слетувањето на аеродромот, фудбалерот на Барселона наиде на проблеми бидејќи демонстранти го блокирале аеродромот, па морал пешки да тргне кон својот дом.
Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се врати од Кардиф во Барселона по квалификацискиот дуел меѓу Хрватска и Велс. Поради сето ова Ракитиќ морал пешки со големиот куфер да тргне кон дома, во друштво на останатите патници кои слетале во Барселона. Според шпанските медиуми Ракитиќ сепак успеал да фати такси.