Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Реакцијата на Марсело кога слушна дека Гризман “потпиша” за Барселона

До крајот на шампионатот во Шпанија, има уште едно коло, иако речиси се е познато за конечниот исход.

Клубовите во Шпанија веќе почнаа да се подготвуваат за следната сезона, иако оваа се уште не е официјално завршена. За трансферите веќе се шпекулира на големо, и како и секогаш, Барселона и Реал Мадрид се во фокусот на вниманието.

Шпанските медиуми објавија пред неколку дена дека Барса договорила голем трансфер, и дека Гризман на лето ќе биде играч на „каталонскиот“ клуб. По завршувањето на натпреварот Реал – Селта новинарите на Марсело му рекоа дека Гризман е новиот фудбалер на Барселона, а неговата “чудна” реакција насмеа многумина.

„Навистина јас не се плашам од ова сценарио, па дури и ако е така. Таа приказна кружи во медиумите со месеци”, рече Марсело преку смеа.