Фудбал
ФОТО: Реал Мадрид се огласи за преминувањето во Премиерлигата
Денеска излегоа информации дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја разгледува можноста да ја напушти шпанската „Ла Лига“.
„По информациите што денес се појавија во весникот „Мундо Депортиво“ и во кои се вели дека нашиот клуб размислувал да ја напушти Примера и да замине во Премиер лигата, Реал Мадрид соопштува дека ова е целосно неточно, апсурдно и невозможно. Некој сака да му наштети на нашиот клуб, а тоа се прави секој ден“, стои во соопштението на мадридскиот великан.
Во изминатиот период претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас се согласи за финансиската инјекција од американски инвестициски фонд, но ниту Реал ниту Барса не сакаат да слушнат за оваа опција, бидејќи на тој начин Американците ќе добијат голем дел од телевизиските права. Затоа Перез со недели упатуваше и критики кон Тебас.