Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо на „удар“ на јавноста, но и властите, нема привилегии не смееш да излегуваш

Предупредување, но и критики на адреса на Кристијано Роналдо дека е привилегиран, откако го напушти карантинот, или поточно речено самоизолацијата и одлучи да тренира на националниот стадион во Мадеира.

Медиумите објавија фотографии и прашаа зошто Роналдо е привилегиран кога сите други спортисти се дома во изолација и тренираат во домашни услови или во својот двор.

Се огласија и властите во Португалија кои порачаа дека правилата за самоизолација важат за сите и дека Кристијано Роналдо не е исклучок.