Фудбал
ФОТО: Роналдо се пофали на Инстаграм, 1000 мечеви, 725 голови
Кристијано Роналдо се пофали на неговиот Инстаграм. Со мечот против Италија стигна до 1000-тиот натпревар во неговата кариера. На овие мечеви тој постигнал 725 голови, а го постигнал играјќи за 4 клубови, во текот на 18 сезони.
Роналдо почна во Спортинг Лисабон, се пресели во Манчестер Јунајтед каде стана вистинска ѕвезда, а врвот во кариерата го доживеа во Реал Мадрид. Сега, ништо поинаку не е во дресот на Јувентус.
Со оглед на тоа дека не ни помислува да застане, сигурно е дека бројката на мечевите, но и головите уште ќе се зголемува.