Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо стигна до 700 голови во кариерата

Португалскиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо стигна до бројката 700 погодоци во кариерата во сите натпреварувања на кои настапил, вклучувајќи ги клубовите и репрезентацијата.

Неговата репрезентација вечерва загуби од Украина со 2:1, но тој се запиша во листата на стрелците, а луѓето задолжени за статистиката пресметале дека тоа е неговиот 700-ти гол во кариерата. Роналдо има 34 години.