Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Сантијаго Бернабеу“ претворен во магацин за медицински материјал

Коронавирусот со голема брзина се шири во Шпанија. Како се чини, ако продолжи ваква, во следните неколку денови ќе ја стигне Италија со бројот на заразени и смртни случаи. Поради тоа сите се обидуваат да помогнат колку што можат.

Реал Мадрид направи голем хуман гест и во време кога се откажани сите фудбалски натпревари одлучи да го стави на располагање својот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ кој ќе биде претворен во магацин за медицински материјал.

Реал Мадрид воедно отвори посебна жиро сметка за донации. Целиот медицински материјал кој ќе биде собран од донации ќе биде складиран на „Сантијаго Бернабеу“, а потоа во соработка со здравствените власти ќе биде дистрибуиран каде што ќе биде потребно.