Тајмаут
ФОТО: Се е подготвено – вечерва започнува меморијалниот турнир „Валентин Стефановски“
Се е подготвено за стартот на третиот меморијален турнир во фудбал „Валентин Стефановски“, кој го организира истоименото здружение.
Турнирот започнува вечерва во 17 часот со свечено отворање, а во 18 часот ќе се соочат и првите екипи на турнирот. Екипата на ТИНКО10 против екипата на КАФЕ13/Диадем/Пела.
Изминатиов период од страна на Здружението на граѓани „Валентин Стефановски“ беше целосно проверена и подготвена спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар за непречено одржување на овој меморијален турнир.

На овогодинешното издание на турнурит, I место ќе добие парична награда од 80.000 денари, II место 40.000 денари, III место 15.000 и IV место 6.000 денари.

Промотивно видео за третиот меморијален турнир во мал фудбал " Валентин Стефановски" Демир Хисар 2017
Gepostet von Меморијален Турнир – "Валентин Стефановски" – Демир Хисар am Dienstag, 31. Oktober 2017