Фудбал
ФОТО: Сега е официјално, познато е кога ќе се одигра првото „Ел Класико“ оваа сезона
Првото „Ел Класико“ оваа сезона ќе се одигра на 18 декември, соопшти Фудбалската федерација на Шпанија, а одлучи Комитетот за натпреварувања.
Шпанската „Ла Лига“ имаше предлог натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид да се игра на 4 или 7 декември, но сепак во консултација со двата клуба Комитетот за натпревари одлучи дуеот да биде на 18 декември.
Првото „Ел Класико“ оваа сезона требаше да се одигра овој викенд, поточно на 26 октомври, но сепак натпреварот е помесетен поради протестите во Каталонија, поради одлуката на Шпанскиот врховен суд да осуди неколку поранешни каталонски лидери за затворска казна од девет до 13 години затвор поради залагањата за независност во 2017 година.
⚠ OFICIAL | El Comité de Competición fija #ElClásico entre @FCBarcelona_es y @RealMadrid para el 18 de diciembre
ℹ Más info: https://t.co/1IMiqpbqyG pic.twitter.com/26H4GnIN6d
— RFEF (@rfef) October 23, 2019