Тајмаут
ФОТО: Секси новинарка ја шармира Евролигата
Една од најсексапилните спортски новинарки во Грција – Дора Пантели, повторно го привлече вниманието. Атрактивното пиле, кое ги следи кошаркарските натпревари во Евролигата, ја искористи паузата по завршувањето на регуларниот дел од сезоната и се препушти на одморот на островот Антипарос во Егејското Море.
35-годишната бринета уживаше во убавото време, покажувајќи го своето извајано тело.
„Уште еден ден во рајот“, сподели Дора под фотографијата на која позира во црни бикини. Кадарот буквално ги остави без здив нејзините следбеници кои ја опсипуваа со комплименти за тоа колку добро изгледа, пишува „Телеграф“.
Пантели е поранешна кошаркарка и води свое шоу во Евролигата. Таа често ја интервјуира ѕвездата на Олимпијакос Александар Везенков. Своето беспрекорно тело го одржува со пилатес и фитнес.