Тајмаут
ФОТО: Сексипилната Хрватка пробаа да ја освојат и фудбалерите: „Две работи ме освојуваат“
Репрезентациите на Хрватска и Нигерија во саботата, во Калининград го одиграа својот прв натпревар на Светското првенство. Пред натпреварот, кога се разговараше кој ќе се најде на теренот, на трибините големо внимание привлече навивачката на Хрватска.
Облечена во фустан со коцки, убавата девојка го привлече вниманието на репортерите од сите делови на Европа, а на крајот се испостави дека станува збор за 26-годишната Ивана Кнол која се обиде и да стане мис на Хрватска.
За атрактивната Ивана во последните денови пишуваа бројни медиуми од регионот, кои исто така останаа „маѓепсани“ од нејзиниот изглед, а во разговор за „Blic“ оваа убавица открила дека и таа како мала тренирала фудбал.
„Го следам фудбалот од мала. Мојот татко е страстен навивач, па секогаш ме носеше на натпревари. Ќе ви откријам нешто, како дете тренирав фудбал, тогаш се ви е јасно“, кажа Ивана.
За Ивана, која од 18. години живее во Загреб, најзгоден фудбалер е Дејвид Бекам. Исто така се пофали дека во неколку наврати пробаа да ја освојат и фудбалерите.
„Да, веќе и порано. За да ме освои некој најважно ми е да биде искрен и да е весел, било да е фудбалер или било која друга професија“ кажа Ивана.