Фудбал
ФОТО: Шпанците знаат како, целата насловна на „Марка“ во чест на легендарниот тренер кој синоќа почина
Легендарниот тренер Радомир Антиќ почина синоќа по долго боледување на 72-годишна возраст. Тој е првиот во историјата кој бил тренер на трите најголеми фудбалски клубови во Шпанија, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.
По веста за неговата смрт, се огласија сите клубови во кои работел како тренер, но и како играч, голем број фудбалери и негови колеги.
Но, Шпанците уште еднаш покажаа дека на најдобар можен начин знаат да се заблагодарат на некој кој направил нешто што оставило трага во фудбалот. Тоа го покажа шпанска „Марка“ која целата своја денешна насловна страница му ја посвети на легендарниот тренер Радомир Антиќ.