Connect with us

Фудбал

ФОТО: Што се случува со Мухамед Салах?

Овој викенд нема клупски фудбал, бидејќи е термин за репрезентативни настапи. Фудбалерите се повикани за настап во националниот дрес, а меѓу нив е и Мухамед Салах, кој доби повик за дресот на Египет.

Првиот собир беше одржан, но Салах не го одработи тренингот. Фотографијата која ја објави Фудбалската асоцијација на Египет ги загрижи фановите на оваа селекција, но и оние на Луверпул. Салах за време на тренингот седеше на клупата за резервни фудбалери со лангета на левата нога.

Египет игра против Кенија и Комори во рамките на Африканскиот куп на Нации, а Салах нема да настапи на овие два меча. Не се знае сериозноста на повредата и дали ќе биде подготвен за мечевите на Ливерпул.