Connect with us

Ракомет

ФОТО: Сите му се поклонуваат на Кире Лазаров, па дури и угледната „Марка“

Какво само фантастично деби имаше Кире Лазаров како селектор-играч. Во Скопје падна светскиот првак Данска со 33:29. Фантастична партија одиграа ракометарите, една од подобрите во последните години. Дури ниту самите Данци не знаеја што ги снајде и беа изненадени од играта на нашата репрезентација.

По три одиграни кола во квалификациите за ЕП, Македонија е лидер во групата со 6 бодови, пред Данска со 4, Швајцарија со 2 и Финска која е без бодови. Три од три има Македонија досега, а претходно победивме против Швајцарија и Финска. До крајот има уште толку мечеви, прво против Данска на 14-ти овој месец, па Финска на 28-ми април, па во мај со Швајцарија.

Она што е интересно е тоа што почнувајќи од регионалните медиуми, па се до најсилните европски, сите му се поклонија на Кире Лазаров.