Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Сопругата на голманот на Јувентус гордо позираше, а Шченсни одлучи да си направи селфи

Голманот Јувентус, Војчех Шченсни моментално е на одмор со својата девојка Марина Луценко.

По уште една долга сезона, играчите со нетрпение чекаа неколку недели заслужен одмор, кој многумина го трошат на егзотични дестинации.

Шченсни и неговото семејство одлучија да се одморат на грчкиот остров Миконос каде што ќе поминат неколку дена.

Тој објави неколку фотографии на Instagram, а еден од нив предизвика многу смеа. Неговата сопруга,побара да ја фотографира, а Шченсни одлучи да си направи селфи.

Додека Марина мислеше дека нејзиниот сопруг ја фотографира, тој решил да си направи селфи, дедека некој друг направи фотографија од целата случка, а таа фотографија Шченсни ја објави на Instagram.