Тајмаут
ФОТО: Сопругата на Икарди го „запали“ инстаграмот, по преселбата во Париз веднаш позираше гола
Заминувањето на Мауро Икарди од Интер во ПСЖ се чини дека му одговара на неговата подобра половина Ванда Нара.
Ванда е исто така менаџер на Икарди и беше многу активна во преговорите со клубовите летово, откако аргентинскиот напаѓач беше отпишан во Интер.
На самиот крај на летниот преоден рок, Икарди потпиша за ПСЖ, а договорот го склучи Ванда. Промената на средината се чини дека и одговара, бидејќи ги почести своите фанови на Инстаграм со две провокативни фотографии.
Ванда позираше за француско списание и повторно не му пречише целосно да се соблече. Таа објави две фотографии на Инстаграм.