Connect with us

Фудбал

ФОТО: Специјални дресови во продажба, ова е начинот на Рома во борба против Ковид-19

Во претходните денови Рома ги изненади со акции во кои делеа хуманитарни пакети и дресови за нивните највозрасни навивачи, кои поради Ковид-19 седат дома.

Сега, во соработка со Најк, италијанскиот клуб подготви уште едно изненадување, специјална гарнитура на дресови кои ќе бидат во продажба, а со купувањето навивачите ќе учествуваат во борбата против Ковид-19. Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.