ФОТО: Средба Зидан – Погба во Дубаи, дали се „крчка“ нешто?

„Мирор“ објави фотографија на која се гледа средба помеѓу Зинедин Зидан и Пол Погба како разговараат. Со оглед на тоа дека тренерот на Реал Мадрид во летниот преоден рок се обиде да го ангажира неговиот сонародник, но не успеа, оваа фотографија ги подреа шпекулациите за нов обид за трансфер на Погба во Реал. Средбата била во Дубаи.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер вели дека тоа се само шпекулации, бидејќи Пол Погба имал неколку слободни денови и нормално е да се сретнува и разговара со луѓе со кои се познава. Додава дека Погба никога не рекол дека сака да замине од Јунајтед.

-текстот продолжува по рекламата-