Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Страшна повреда на Шкртел

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Мартин Шкртел, се здоби со тешка повреда на главата во саботата на натпреварот против Касимпаша.

Шкртел во сабота се здоби со голема посекотина по средината на главата по дуелот со еден противник, а сликите кои се објавени на интернет воопшто не се пријатни за гледање.

Сепак, ова не е ништо ново за Шкртел. Тој веќе претрпел вакви повреди и овој борбен дефанзивец на некој начин се навикнал на крвави сцени. По натпреварот заврши во болницата со пет конци на главата.

Фотографиите се со вознемирувачка содржина.