Поврзи се со нас

Ракомет

ФОТО: Светско, а наше, Дејан Манасков рекордер на Веспрем

Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков постигна 16 голови на вчерашниот натпревар во дресот на Веспрем против ФТЦ во рамките од првенството на Унгарија. Со ова тој го собори клупскиот рекорд. Досега ниту еден ракометар во историјата на Веспрем не успеал да постигне 16 гола на официјален меч. Освен што испиша историја со овие 16 гола на натпревар, туку и остана забележан како човек кој стигна и до 400. гол во дресот на Веспрем. На овој меч Манасков и Веспрем славеа со 29:25, а во моментов се лидери со максимални 9 победи и се без конкуренција во унгарското првенство.

 

loading...

Facebook