Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Темната страна на „Ел Класико“

Од она што се плашеа, тоа и се случи, имаше неколку непристојни инциденти во близина на „Камп Ноу“ додека Барселона и Реал Мадрид играа фудбал.

Имаше насилни протести во близина на стадионот во кои околу 50 лица беа повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите.

Натпреварот, кој заврши без победници и без голови, беше прекинат на две минути на почетокот, откако беа фрлени топки на теренот во знак на протест.

Каталонија се соочува со граѓански немири последниве месеци, бидејќи Шпанија воведе остри затворски казни на лидерите на Каталонија, кои еднострано прогласија независност.

Илјадници демонстранти на Каталонија организираа протест во близина на стадионот Барселона „Камп Ноу“, извикувајќи „Независност“ и „Слободни политички затвореници“

Полициските сили интервенираа против демонстрантите.