Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Трофејот пристигна со стил! Икер, прекрасна Русинка и скапоцен куфер

Мундијалната треска го достигна својот врв откако Светското првенство во Русија само што беше отворено.





Започна првата средба на стадионот „Лужники“ во кој домаќинот, Русија, ќе ги одмери силите со Саудиска Арабија.

Пред почетокот на натпреварот се одржа и церемонијата на отворањето на Светското првенство во која “главнот збор” го имаше Британскиот пејач Роби Вилијамс.

Со стил на стадионот Лужници пристигна и трофејот за кој ќе се борат најдобрите репрезентации во светот. Трофејот пристигна во скапоцен куфер, што го изработи луксузниот бренд „Луј Витон“, а на стадионот беше однесен од легендарниот шпанскиот голман Икер Касиљас и убавата Русинка, манакенката Наталија Водјанова.