Connect with us

Фудбал

ФОТО: Уапсени навивачите на Бугарија за нацистичкиот поздрав кон репрезентативците на Англија

Бугарската полиција ги уапси навивачите кои на квалификацискиот натпревар во Софија пред два дена на расна основа навредуваа англиски репрезентативци.

Уапсените петмина се обвинети за расистичките навреди, откако беа снимени како користат нацистички гестови.

За потсетување, натпреварот Бугарија – Англија двапати беше прекинуван поради манифестации на расизам.

По скандалот, УЕФА отвори дисциплински случај против репрезентацијата на Бугарија. Претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз Борислав Михајлов поднесе оставка по повикот од премиерот Бојко Борисов да ја напушти функцијата и да ја преземе одговорноста за инцидентите.