Тајмаут
ФОТО: Убил кокошка која влетала на теренот, му се заканува затворска казна
Иван Газдек, фудбалер на тимот Јеленград, кој се натпреварува во пониските лиги во Хрватска, шутнал и усмртил кокошка која влетала на теренот во текот на мечот со Јасеновац.
Поради тоа добил црвен картон, а потоа и пријава од Здружението „Пријатели на животните“.

Ова здружение поднело и кривична пријава за „мачење и убивање на животни“, поради што му се заканува казна затвор од една година.
Тие велат дека фудбалерот намерно ја убил кокошката, а разочарани се што неговиот клуб воопшто нема да го казни.

Но тимот, на својата ФБ страница напиша:
-Кога Иванишевиќ го скрши рекетот, кога Кантона удри навивач, кога Марадона постигна гол со рака, кога Зидан со глава го удри Матераци, а Суарез скриши реклама…Сето тоа е разбирливо и оправдано, во жарот на борбата…Нашиот играч случајно удри кокошка, и веднаш се најавуваат санкции и тужби. Луѓето кои се занимаваат со спортот не разбираат што е тоа „жешка глава“, бидејќи ако разбираат тогаш знаат зошто борец удира друг борец. Не го прави тоа поради насилство, или затоа што го мрази човекот…Иван е добро момче, точка…